Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е заинтересиран за купување на францускиот второлигаш Каен, објавува „RMC Sport“. Според информациите, блиските на 25-годишниот Французин сакаат да развијат „американски стил“, проширувајќи го својот капитал.
Мбапе тренираше во академијата на Каен како дете. Од сезоната 2019/20, тимот игра во втората по ранг француска дивизија.
На почетокот на јуни, Реал Мадрид го објави трансферот на Килијан Мбапе, кој од ПСЖ се пресели на „Сантијаго Берабеу“. Неговото официјално претставување како играч на „кралскиот клуб“ ќе се одржи на 16 јули.
Мбапе претходно ги носеше дресовите на ПСЖ и на Монако.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













