
Дани Карвахал, ветеранот на Реал Мадрид, призна во интервју за „Манчестер Ивнинг Њуз” дека прави напори да го привлече својот соиграч од националниот тим на Шпанија, Родри, да дојде на “Сантијаго Бернабеу”. Родри, кој се наоѓа во Манчестер Сити, е еден од најдобрите на својата позиција во последни години, екстремно важен играч за клубот и за шпанскиот национален тим.
Тој е трет на листата на фаворити за „Златната топка”, а шансите за победа значително ќе му се зголемат ако Шпанија триумфира во финалето во недела против Англија.
Карвахал истакна дека го потсетува Родри секој ден да потпише со Реал Мадрид.
„Секој ден му велам да дојде во Мадрид, имаме потреба од тебе, напушти го Манчестер, таму нема сонце“, изјави Карвахал.
Родри има валиден договор со Манчестер Сити до летото на 2027 година, а неговата трансферна вредност во моментов изнесува околу 120 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
