Шпанскиот гигант Реал Мадрид без сомнение направи впечатлив потег со привлекувањето на Килијан Мбапе, без оглед на платата што ќе ја има и бонусот од 100 милиони евра што му е даден при потписот на договорот.
Освен што добија еден од најдобрите фудбалери на светот и иден освојувач на „Златната топка“, Реал Мадрид доби и еден од најпопуларните играчи на планетата. Продажбата на дресови предизвика целосен колапс во испораката, па фановите ќе мораат да чекаат околу месец ден за своите нарачки.
Презентацијата на францускиот напаѓач на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ на 16. јули ќе биде спектакл што ќе го следи целиот свет. Интересот е толку голем што околу 105.000 луѓе со часови се пријавуваа за присуство на неговата презентација.
Реновираниот „Бернабеу“ може да прими 80.000 луѓе и се очекува да биде исполнет до последно место.
🚨 105,000 fans were in the queue to try to get a ticket for Kylian Mbappé's presentation at the Santiago Bernabéu! 😳
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 11, 2024
(📸 @RealMadrid) pic.twitter.com/En6qOe23ve
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski