Герет Саутгејт ќе остане на кормилото на Англија и во наредните две години. Фудбалската асоцијација на Англија има голема доверба во селекторот независно од исходот на финалето на ЕВРО 2024 против Шпанија.
Според медиумите на Островот, челниците на англискиот фудбал веќе одржале разговори со Саутгејт и планот е тој да го води тимот и на Светското првенство во 2026 година.
Англија влезе во своето второ последовно финале на Европско првенство, откако на претходното издание загуби од Италија после пенали на „Вембли“.
В недела, на 14. јули, селекцијата на Саутгејт ќе се обиде конечно да го освои трофејот на ЕВРО 2024, а ќе се соочи со импресивниот тим на Шпанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













