Минатогодишната сензација во Ла Лига, тимот на Џирона, официјално го потврди трансферот на Дони ван де Бек од Манчестер Јунајтед. Договорот на Холанѓанецот е за три години, а трансферната сума се движи во широк дијапазон.
Првично, клубот од Ла Лига ќе плати само 500.000 евра, но сумата реално може да достигне околу 5 милиони евра. Потенцијално, трансферот може да достигне дури до 10 милиони евра, но тоа би се случило само доколку се исполнат многу услови.
Јунајтед го купи Ван де Бек од Ајакс во септември 2020 година за 35 милиони фунти. Во првата сезона тој одигра 19 натпревари во Премиер – лигата, но потоа стана постојана резерва, при што овој статус не се промени кај различните менаџери.
Беше испраќан на позајмица во Евертон и во Ајнтрахт Франкфурт, но и таму не успеа да се доближи до формата од Ајакс. За целиот свој престој на „Олд Трафорд“, Ван де Бек запиша вкупно 62 натпревари, во кои постигна само два гола.
Welkom in Girona! 🏠❤️🤍 pic.twitter.com/Kjn1y4cPT4
— Girona FC (@GironaFC) July 11, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













