Connect with us

Финалето на ЕВРО 2024 ќе го суди Французинот Летесие, а ќе има делегат Македонец: Голема чест за Филип Поповски

Шпанија и Англија ќе играат во финалето на Европското првенство в недела во Берлин. Главен судија ќе биде Франсоа Летесие од Франција, а негови асистенти ќе бидат Сирил Муние и Махди Рахмуни, исто од Франција. Четврти судија ќе биде Шимон Марчинијак од Полска.

Во ВАР собата главен ќе биде Жером Брисард од Франција, а како поддршка ќе биде и најдобриот, Масимилијано Ирати од Италија.

Делегат на финалето на ЕП ќе биде Македонец, Филип Поповски. Поранешниот генерален секретар на ФФМ доби голема чест, но воедно и награда за добрата досегашна работа. Тој беше делегат на натпреварите што се играа во Берлин.


Филип Поповски досега ја имаше оваа улога и на мечевите Шпанија – Хрватска, Полска – Австрија и Холандија – Австрија од групната фаза како и на дуелите меѓу Швајцарија и Италија (осминафинале) и Холандија и Турција (четвртфинале).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови