Капитенот на Англија, Хари Кејн, не ги криеше емоциите по пласманот на тимот во финалето на Европското првенство.
„Страотно, неверојатно! Заслужуваме да бидеме во финалето, затоа што се трудевме да бидеме на врвно ниво во сите натпревари. Оли Воткинс беше подготвен да влезе и не е важно колку време играше. Важно е дека го реши натпреварот и нѐ однесе во финалето. Мораше да бидеме трпеливи и се радувам што успеавме во тоа. Бевме подобар тим во првиот дел, а играта по паузата беше изедначена. Беше важно да останам спокоен при пеналот, затоа што никој не е заштитен од грешка. Среќен сум што сме во финалето, но знаеме дека не чека тежок и натпревар против Шпанија. На еден натпревар сме од тоа да напишеме историја“, изјави Хари Кејн.
Финалето на Европското првенство ќе се игра в недела во Берлин, со почеток во 21 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













