Селекцијата на Холандија загуби со 1-2 од Англија во полуфиналниот натпревар на ЕВРО 2024.
Со тоа, Холанѓаните веќе имаат пет порази на шест полуфинални натпревари на европските првенства. Очигледно дека последната пречка пред финалето речиси секогаш е кобна за нив.
Освен на ЕВРО 2024, поразите на тимот на Холандија се случиле и во финалната четворка на шампионатите во 1976 година против Чехословачка (1-3), во 1992 година против Данска (2-2 во регуларното време и 4-5 по пенали), во 2000 година против Италија (0-0 во регуларното време и 1-3 по пенали) и во 2004 година против Португалија (1-2).
Единствената победа на „лалињата“ досега во полуфиналето на европските фудбалски првенства е во 1988 година, кога го победија тимот на Западна Германија со 2-1, а подоцна и триумфираа за својата прва и единствена титула, по победата против СССР со 2-0 во финалето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













