Connect with us

Дешамп останува селектор на Франција

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, ќе остане на клупата на „триколорите“ до крајот на договорот, до 2026 година. Французите беа елиминирани од Шпанија (1-2) во полуфиналето на Европското првенство, по што почнаа шпекулациите дека селекторот Дешамп ќе добие отказ. Сепак, тоа нема да се случи.

„Дешамп ќе остане селектор, тој има договор до 2026 година и ја оствари првата цел која ја имаше на шампионатот. Нема потреба да се разгледува можноста за прекин на соработката“, соопшти Филип Дијало, претседателот на Фудбалската федерација на Франција.

Дешамп е селектор на Франција од 2012 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови