Една од сензациите на Европското првенство, шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, е пред трансфер во Барселона. Агентот на крилниот напаѓач постигнал договор со претставниците на Барселона, тврди каталонски „Спорт“.
Нико Вилијамс е еден од најдобрите играчи на Шпанија, која се пласираше во финалето на Европското првенство. Тој исто така е член на Атлетик Билбао, со кој има договор според кој може да си замине ако некој ја плати клаузулата од 58 милиони евра.
Барселона наводно ја договорила платата и траењето на договорот со агентот на Нико Вилијамс, но „Спорт“ засега не ги објави деталите.
Каталонскиот клуб, кој години наназад се соочува со финансиски проблеми, сега мора да најде начин како да собере 58 милиони евра за да ја активира клаузулата за реализација на трансферот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













