Селекторот на Холандија, Роналд Куман, ги остави зад себе проблемите со патувањето со кои се соочи неговиот тим вчера и изјави дека екипата е добро одморена пред полуфиналето на Европското првенство против Англија оваа вечер.
Холанѓаните беа принудени да се откажат од плановите да патуваат до Дортмунд со воз од својата база во Волфсбург, откако технички проблем со друг воз доведе до откажување на патувањето, соопшти Фудбалската асоцијација на Холандија.
Наместо тоа, тие летаа до Дортмунд, пристигнувајќи во својот хотел околу четири часа подоцна од планираното.
„Не беше проблем, добро се одморивме попладнево, бевме во авионот само 30 минути, пристигнавме во хотелот и можевме добро да се одмориме“, изјави Куман.
Што се однесува до полуфиналниот дуел против Англија, Куман очекува многу неизвесен натпревар.
„Навистина нема голема разлика меѓу двата тима, според мене шансите се 50 – 50. Ќе ни биде потребна совршена игра за да победиме. Знаеме дека имаат многу добри индивидуални играчи, но двата тима се навистина силни и ќе биде сериозна битка“, најави тој.
Куман коментираше и дека тимот нема загриженост околу повредите и е „физички силен“ по саботната четвртфинална победа над Турција во Берлин.
„Англија мораше да игра продолженија во последниот натпревар против Швајцарија, па можеби тоа ќе биде разликата во последните етапи на дуелот. Ние сме концентрирани и со нетрпение очекуваме да одиграме добар натпревар“, изјави селекторот на Холандија.
Куман додаде дека поддршката од навивачите ќе им помогне. Околу 80.000 навивачи се очекуваат во Дортмунд да го следат натпреварот на стадионот или во блиските фан зони.
„Нашата земја е блиску. Се надеваме дека ќе можеме да ги направиме навистина среќни со тоа што ќе победиме и ќе се пласираме во финалето в недела“, заврши Роналд Куман.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski