Connect with us

Саутгејт ги реши дилемите: Лук Шо останува на клупата, Трипие ќе остане на левата бековска позиција

Киран Трипие ќе го задржи своето место во стартниот состав на Англија за вечерашниот полуфинален дуел со Холандија, информира „Скај Спортс”. Во последните неколку дена на Островот многу се зборуваше дека Лук Шо е веќе подготвен и може да започне, откако одигра 42 минути во четвртфиналето со Швајцарија.

Според „Скај Спортс”, сепак, селекторот има сомнежи дека Лук Шо може да издржи 90 минути и затоа левиот бек на Манчестер Јунајтед повторно ќе биде на клупата на почетокот.

Освен тоа, Саутгејт смета дека Трипие ќе се справи подобро со нападите по десната страна на Холандија, каде што Дензел Дамфрис се вклучува буквално како втор крилен напаѓач со своите пробиви.

Сето ова значи дека Саутгејт ќе направи само една промена од натпреварот со Швајцарија. Марк Гуехи, кој беше суспендиран за четвртфиналето, ќе се врати во срцето на одбраната на местото на Езри Конса.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови