
Германската легенда Лотар Матеус прогнозира дека тимот на Франција ќе ја победи Шпанија во првото полуфинале на Европското првенство. Носителот на “Златната топка” го направи ова во својата редовна колумна во списанието “Спорт Билд”.
„Досега шпанскиот тим најмногу импресионираше на првенството, но отсуството на Ле Норман, Карвахал и на Педри ќе ги направи ранливи“, смета Германецот.
„Можеше да се види и на четвртфиналето против нас (Германија) дека страдаа, бидејќи нивната одбрана не беше стабилна. Родри е одличен играч за врска. Силни се на крилата, благодарение на Јамал и најмногу на Нико Вилијамс од левата страна. Не треба да се заборави и Мората во центарот“, смета Матеус.
„Тие, сепак, ќе се соочат со француската одбрана, која е исклучително силна. Тео Хернандез игра одличен турнир. Канте е рамноправен на Родри и продолжува да биде прва класа на својата позиција. Нападот на тимот засега не убедува, но тие имаат неверојатна класа со Мбапе, Дембеле, Турам, Коло Муани, Гризман и Жиру“, напиша Матеус.
„Мислам дека Французите ќе го остават егоизмот поради перспективата да играат финале и прогнозирам тешка победа за нив од 2-1“, заврши Лотар Матеус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
