Англискиот премиерлигаш Челси сака да го доведе Карим Адејеми од Борусија Дортмунд. Оваа вест ја пренесе реномираниот „Билд“, кој тврди дека Челси започнал преговори и дека нуди 30 милиони евра за брзоногиот крилен напаѓач.
Адејеми пред две години пристигна од Салцбург за 30 милиони евра, исто колку што сега нуди и Челси, но во игра наводно е и Јувентус.
Сепак, моментно Челси е поконкретен бидејќи му нуди на Адејеми долгорочен договор и поважна улога во тимот.
Адејеми во дресот на Борусија Дортмунд има постигнато 14 голови и остварено осум асистенции, но не може да се каже дека целосно ги исполни очекувањата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













