
Напаѓачот на Манчестер Сити и на аргентинската репрезентација, Хулијан Алварез, нема ништо против идејата да го напушти „Итихад“ ова лето.
Според медиумите на Островот, Алварез смета дека не е лоша опција да замине во случај на вистинска понуда.
Претходно се споменуваше Атлетико Мадрид, а повремено и Барселона, чиј навивач е Алварез од мали нозе поради Лионел Меси.
Во моментов, тој е фокусиран на Копа Америка, но сигурно дека ќе биде време за темата за заминување во текот на летниот трансфер период.
Алварез е свесен дека повторно го чека епизодна улога и дека нема да биде стандарден првотимец кога Ерлинг Халанд е максимално подготвен.
Минатата сезона играше и повеќе, затоа што Норвежанецот беше повреден, но кога се врати, Алварез се пресели на клупата за резерви.
Пред Алварез, и Бернардо Силва ја изрази својата желба да замине од Манчестер Сити, неговиот сон е Барселона, но тој трансфер сега не е реален.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
