
Шпанскиот Реал Мадрид ќе ги обнови преговорите за привлекување на Алфонсо Дејвис по завршувањето на учеството на Канада на турнирот Копа Америка, тврди шпанскиот весник „АС“. Раководството на Реал не се откажува од намерата да ги обезбеди услугите на 23-годишниот играч уште во летниот трансфер прозорец, наместо да го чека крајот на неговиот договор со Баерн Минхен во 2025 година.
И покрај плановите на мадридскиот клуб да го обнови договорот на Ферлан Менди во наредните недели, „АС“ открива дека се подготвуваат и за нови разговори со претставниците на канадскиот репрезентативец.
Претставувањето на Алфонсо Дејвис во САД се следи внимателно, а надежите на Реал Мадрид се дека тој би можел да учествува уште во претсезонската турнеја на тимот, која ќе започне подоцна овој месец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
