
Интер минатата сезона ја освои титулата шампион на Италија, а во наредната би можел да влезе со уште поквалитетен состав.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „нероаѕурите“ изразиле голем интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен, Ким Мин-Јае (27).
Ким минатото лето пристигна во Баварија од Наполи во трансфер вреден 50.000.000 евра, веднаш го зазеде местото меѓу стартерите, но го изгуби на крајот на вториот дел од сезоната со доаѓањето на Ерик Даер од Тотенхем.
Интер сака да го искористи ова за дополнително да ја засили одбраната пред голот на Јан Зомер, а Ким се смета за идеален партнер на Алесандро Бастони во стоперската линија на тимот, бидејќи се зборува за потенцијално заминување на Стефан де Фрај.
Клубот од Милано го имаше предвид репрезентативецот на Јужна Кореја и пред трансферот во Баерн, а сега има план преку првична позајмица која на крајот би се претвориле во комплетен трансфер да го доведе 27-годишниот дефанзивец.
Ким Мин-Јае минатата сезона запиша 36 настапи, постигна еден гол и имаше две асистенции за Баерн Минхен, а неговиот статус во голема мера ќе зависи од плановите на Венсан Компани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
