Connect with us

Англичаните преку пенали до полуфинале: Пикфорд го скроти Аканџи и стана херој (ВИДЕО)

Англија е третиот полуфиналист на Европското првенство откако на пенали славеше против Швајцарија со 5-3. Во регуларниот тек мечот заврши 1-1, а по продолженијата остана истиот резултат. Џордан Пикфорд го одбрани пеналот на Мануел Аканџи, а сите Англичани беа прецизни од белата точка.

Кол Палмер успешно ја отвори пенал серијата, а Пикфорд го одбрани ударот на Аканџи.

Белингам беше сигурен, но и Фабијан Шер. Букајо Сака успеа да погоди, но и Џердан Шакири. Успешни беа и Иван Тони и Зеки Амдуни, а Трент Александер – Арнолд ја „докрајчи“ Швајцарија.

Во 75.минута, Брил Емболо ја доведе Швајцарија во водство. Тој беше присебен во шеснаесетникот и успеа да ја протне топката во мрежата. Само пет минути подоцна израмни Букајо Сака со одличен удар од 20 метри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови