
Селекторот на холандскиот национален тим, Роналд Куман, не е загрижен од очекуваната надмоќ на турските навивачи на трибините за време на четвртфиналниот натпревар меѓу двата тима на ЕВРО 2024 вечерва (21 часот) во германската престолнина Берлин.
„Знаеме точно што да очекуваме. Ќе биде прекрасно да играме во таква атмосфера. Треба да ја држиме топката против овој многу мотивиран противник. Турците се луѓе со големи срца, исто како и Романците“, изјави Куман.
Во осминафиналето, „лалињата“ ја елиминираа Романија со убедлива победа од 3-0.
„Беше добар натпревар против Романија, иако противникот ни отвори многу простори. Ова е сосема различен противник со различни квалитети. Тие играа со четворица во одбрана, но на моменти и со петмина. Романците покажаа многу срце во нивната игра, но сега ние сме повеќе загрижени за себеси. Играме во Берлин со можност за пласман во полуфиналето. Ова е одлична можност да продолжиме понатаму. Ова ќе биде исклучително тежок натпревар, но ние сме подготвени. Дојдовме во Германија да го освоиме трофејот“, изјави Куман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
