Connect with us

И Канада после пенали закажа полуфинале против Аргентина (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Канада се пласираше во полуфиналето на Копа Америка, откако синоќа по изведување пенали ја елиминираше Венецуела во четвртфиналето. По регуларните 90 минути беше 1-1, а дури тројца Венецуелци беа непрецизни во пенал рулетот.

Канаѓаните подобро го отворија натпреварот и во 13. минута Шафелбург погоди за 0-1, што беше и резултат на првото полувреме.

Венецуела успеа да израмни во 65. минута, кога легендарниот Саломон Рондон ја искористи асистенцијата на Арамбуру и израмни на 1-1.

Канада имаше неколку шанси за победа до крајот, но не успеа, па пеналите го решија победникот.

Во пенал рулетот во првата серија беа прецизни Рондон и Џонатан Дејвид, потоа промашија Ерера и Милар, а Ринкон и Бомбито погодија за 2-2. Повторно двајцата играчи промашија во една серија, четвртата – Саварино за Венецуела и Еустакио за Канада, а Кадиз и Алфонсо Дејвис погодија во петтата.

Во решавачката шеста серија, Ангел промаши, а Коне и донесе победа на Канада за да се пласира во полуфиналето каде ќе се сретне со Аргентина.


Овие две селекции играа и на отворањето на турнирот, Аргентина победи со 2:0, па јасно е дека и сега е фаворит за пласман во ново финале.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови