
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од утре официјално ќе стартува со подготовки за сезоната 2024/25 во Првата лига.
Откако вчера беше постигнат договор со новите сопственици, „Комити“ денеска информираа дека првиот тренинг на тимот ќе се одржи во базата во Хиподром од 17 часот.
„Најавуваме присуство на тренингот и ги повикуваме сите навивачи и симпатизери, да присуствуваат и заедно да испратиме јасна порака: ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ! Приказната за клубот на народот продолжува. Затоа утре – СИТЕ НА ТРЕНИНГ“, информираат „Комити“.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement