Селекторот на националниот тим на Англија, Герет Саутгејт, изјави дека Лук Шо не е подготвен да започне како стартер, но сепак може да биде вклучен како резерва на денешниот осминафинален натпревар на ЕВРО 2024 против Словачка. Тој знае дека го очекува тежок натпревар, но изјави дека неговиот тим веќе се справувал во слични ситуации и се надева дека ќе го направат тоа повторно.
„Лук нема да може да започне. Но, ние ќе разговараме со медицинскиот тим за да видиме дали тој може да влезе како резерва или прво треба да собере малку повеќе тренинзи“, рече Саутгејт на прес-конференција.
„Тимот добро тренира. Почетните 11 ќе бидат подготвени, но и другите играчи треба да бидат подготвени. Може да биде потребно вечерва да направиме пет или шест промени. За нас е важно кога играчите ќе се појават на теренот да играат добро“, изјави Саутгејт.
Предводникот на Англија верува дека селекцијата ќе одговори на предизвикот и дека ќе успее да ја елиминира Словачка.
„Ние веќе сме во друга психолошка состојба. Фудбалот на елиминации е поинаков вид на закана. Прашањето е колку далеку можеме да стигнеме? Се обидуваме да постигнеме нешто исклучително. Имаме шанса да покажеме ладнокрвност, но играта ќе нѐ одведе во различни насоки во различни моменти. Во минатото сме се справувале со овие предизвици. Се надевам дека ќе успееме повторно“, истакна Герет Саутгејт.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski