
Англискиот репрезентативец Ентони Гордон се повреди за време на возење велосипед во близина на кампот на националниот тим. Англиската репрезентација ги искористи слободните денови за рекреативни тимски активности, меѓу кои беше и возењето велосипед.
Гордон, крилен напаѓач на Њукасл, ja повреди брадата откако падна од велосипед, пренесуваат англиските медиуми.
Соиграчот Марк Гуехи ја потврди оваа информација.
„Падна од велосипед. Момците излегоа на возење велосипед. Јас всушност не бев таму. Слушнав за тоа. Всушност, разговарав со Ентони и не обрнав многу внимание… Се завртив и тогаш видов голема рана на неговата брада, но тој е во ред. Добро е„, раскажа Гуеху.
Гордон веднаш бил згрижен од англиските лекари, поради исекотините и модринките на рацете и на дланките, кои се болни. За среќа, носел кацига на главата, што спречило посериозни повреди.
Англија ја заврши групната фаза како првопласирана во групата Ц и противник во осминафиналето ќе и биде Словачка. Натпреварот ќе се игра в недела од 18 часот во Гелзенкирхен, и се очекува Гордон да биде во конкуренција за тој дуел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус ја наполни мрежата на Ал-Аин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
