Напаѓачот на Унгарија, Барнабас Варга, е отпуштен од болницата во Штутгарт каде мина неколку дена и се врати во својата татковина, објави неговиот клуб Ференцварош.
Унгарија драматично ја победи Шкотска со 1-0 на 23 јуни во натпревар од третото коло на групната фаза на ЕВРО 2024. Во средината на второто полувреме, Варга се судри со голманот на Шкотска, Ангус Ган, и падна на земјата останувајќи неподвижен.
Фудбалерот беше изнесен на носилки со поставена кислородна маска.
Набрзо потоа, играчот беше подложен на операција поради фрактури на лицето, а лекарите дијагностицираа и потрес на мозокот.
Сепак, неколку дена подоцна Варга се чувствува добро и пуштен е на домашно лекување, враќајќи се во Унгарија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













