Connect with us

Аргентинците стравуваат за повредата на Лео Меси

Репрезентацијата на Аргентина е првиот тим кој обезбеди пласман во четвртфиналето на Копа Америка, но по синоќешниот натпревар, навивачите се загрижени за состојбата на Лионел Меси.

Рано утрово по наше време се одиграа натпреварите од групата А на Копа Америка. Аргентина е првата репрезентација која се пласираше понатаму.

Аргентина со 1-0 беше подобра од Чиле, а исто така и Канада со 1-0 го победи Перу.

Аргентинците по две кола го решија прашањето за пласман во четвртфиналето, но не се сигурни на првото место бидејќи на Копа Америка во случај на ист број бодови одлучува гол-разликата, а не меѓусебниот скор.

По натпреварот, голема грижа за Аргентинците претставува повредата на Лионел Меси која ја доби токму на натпреварот против Чиле.

Уште во првото полувреме Меси побара медицинска помош по еден дуел, а по натпреварот даде изјава.

„Почувствував непријатност во десната тетива на коленото. Ме мачи малку, но успеав да го завршам натпреварот, па се надевам дека не е ништо сериозно. Не знам, ќе видиме“, изјави Меси.

Потоа Аргентинецот откри дека имал температура и болки во грлото последниве неколку дена.

Што се однесува до третото коло во групата А, на 30 јуни во 02:00 часот ќе се сретнат Аргентина и Перу, како и Канада и Чиле.

Останува да се видиме дали Лионел Меси ќе може да настапи на натпреварот против Перу, каде на Аргентина и е доволен и бод за да заврши како првопласирана во групата А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови