Србија не стигна до триумф против Данска и си од дома од ЕВРО 2024 како последнопласирана селекција во групата со само два освоени бода.
Навивачите на нашиот северен сосед се разочарани, но селекторот Драган Стојковиќ Пикси смета фудбалерите сепак се не ја посрамиле Србија.
„Можам да кажам дека сум горд на момците, се бореа, дадоа сè од себе, имаа многу истрчани километри. Ако влеземе во подлабока анализа, поразот против Англија и изгубениот бод нè доведоа во оваа ситуација. Мислам дека оставивме добар впечаток, играчите ги заслужуваат сите честитки за борбеноста. Ја претставија Србија на најдобар начин.
Беше тжок натпревар, на тактички план идентично од двете страни. Беше како огледало во тактичка смисла. Бројот на шанси го покажува тоа… Знаевме дека ќе биде така. Знаевме дека мора да постигнеме гол од некоја шанса. Тие беа во подобра позиција бидејќи им одговараше бод. Словенија и Данска не победија никого, со нерешени резултати одат понатаму. Неверојатно, но вистинито.
Тоа е тоа, ни недостасуваше гол, победа. Можеби и тие шанси против Словенија. Сето тоа придонесе за ова. Одиме со кренати глави, не ја посрамотивме Србија”, истакна Драган Стојковиќ по елиминацијата од ЕВРО 2024.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski