Олимпик Марсеј официјално објави дека клубот постигнал договор со поранешниот менаџер на Брајтон, Роберто Де Зерби, кој се раздели со премиерлигашот по завршувањето на минатата сезона.
„Олимпик Марсеј постигна принципиелен договор со Роберто Де Зерби. Во моментот, клубот работи со сите заинтересирани страни за да го официјализира пристигнувањето на италијанскиот тренер и неговиот штаб на клупата и да се подготви за неговото пристигнување во Марсеј во наредните денови“, напишаа од францускиот клуб.
Според информациите, Де Зерби ќе потпише со Олимпик Марсеј за три години, а на неговиот поранешен клуб Брајтон ќе му биде платена компензација од околу 6 милиони евра. Тој го презеде тимот во септември 2022 година, откако неколку месеци по почетокот на војната во Украина го напушти Шахтјор Доњецк.
Communiqué officiel de l'Olympique de Marseille
— Olympique de Marseille (@OM_Officiel) June 24, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













