
Репрезентацијата на Хрватска прими гол во последните секунди од натпреварот против европскиот првак Италија (1-1), со што шансите за пласман во осминафиналето на ЕП ги сведе на минимум.
Селекторот Златко Далиќ се согласи со констатацијата на Лука Модриќ дека судијата претерал со надоместокот на времето, кое изнесуваше дури осум минути.
„Не знам каде воопшто судијата ги најде тие осум минути продолжение. Говорев за тоа како се однесува УЕФА. ФИФА, веќе пет години, но никој не слушаше, испаѓам смешен. Ние сите за нив сме мали, сè што зборувам, зборувам во ветар. Не може да биде осум минути судиско продолжение. Кои беа тие фаулови, прекини, што беа за да има осум минути надоместок“, праша Далиќ.
Сепак, тој ја спушти топката и порача дека судиите не смеат да бидат алиби за тоа што Хрватска двапати на овој турнир прими гол во последните моменти од натпреварите.
„Имавме сè во свои раце против Албанија, па и сега. Имавме два пенала, ги промашивме. Но, ми е жал и ме боли што никој не нѐ почитува. Игравме во 15 часот, дали играше Италија, Франција, Германија… во тој термин. Игравме ние. Благодарам на играчите. Ова не беше наш турнир. Повторно се покажаа и навивачите, сто илјади Хрвати дојдоа во Германија. Благодарност до нив. Горди сме. Ова што не поминавме понатаму, ќе барам причини во нас самите. Не можеш да примиш гол во 98. минута, мораш ако треба тогаш и да легнеш на топката. Победите и поразите се составен дел од играта“, заклучи селекторот на Хрватска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
