Одличниот играч од средниот ред Хакан Чалханоглу беше високо на листата на желби на новиот тренер на Баерн, Винсен Компани, но Интер брзо испрати порака дека играчот не е на продажба. Сега сите дилеми ги отстрани и самиот фудбалер.
„По повод неодамнешните гласини кои кружат во медиумите, сакам да ја искористам оваа прилика да се осврнам директно на ситуацијата. Досега се воздржував од коментирање на овие шпекулации бидејќи сум фокусиран на турската репрезентација, каде што сум капитен на ЕВРО 2024. Мислам дека сега е соодветно да дадам јасна изјава за да избегнам понатамошни недоразбирања. Односот што го делам со клубот и нашите неверојатни навивачи е навистина посебен и возбуден сум што во иднина ќе освојам уште повеќе трофеи со Интер. Уште еднаш, во моментов сум целосно фокусиран на тоа да ги усреќам луѓето од мојата земја. Ви благодарам за разбирањето и поддршката. Форца Интер“, истакна Чалханоглу.
Интер го доведе Чалханоглу од градскиот ривал Милан во 2021 година без обештетување, па имаше можност да заработи од трансферот 50 или 60 милиони евра, но неговиот придонес на теренот е многу важен за тимот на Симоне Инзаги, поради што веднаш беше отфрлена идејата за продажба на клучниот играч.
Чалханоглу има договор до 2027 година и е еден од најважните играчи во тимот на Симоне Инзаги. Хакан е роден во Германија и таму ја започна својата професионална кариера.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski