Без да ги одиграат мечевите од третото коло, три селекции задоволно ги дочекаа резултатите од натпреварите во групата на Шпанија, затоа што влегоа во нокаут фазата на ЕВРО 2024.
Франција, Холандија и Англија и теоретски веќе го обезбедија своето учество во осминафиналето, благодарение на резултатите од дуелите меѓу Шпанија и Албанија (1-0) и Хрватска – Италија (1-1).
Сепак, останува да се утврди точно на кои позиции во своите групи ќе завршат овие три големи селекции. Сите ќе ги одиграат последните свои натпревари вечерва, при што Французите и „лалињата“ дури се во иста група.
Во овој момент има само една јасна осминафинална двојка – Швајцарија против Италија.
Овој натпревар ќе биде првиот од оваа фаза, и ќе се одигра на 29 јуни (сабота) од 18 часот во Берлин. Подоцна истата вечер, Германија ќе игра против вториот тим од групата на Англија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski