Хрватска и Италија вечерва во Лајпциг од 21 часот играат клучен натпревар за поминување на групната фаза на ЕВРО 2024. Италија би била задоволна и со реми, додека на Хрватска ѝ треба победа.
Легендарниот Фабио Капело во разговор за „Газета дело Спорт“ му даде совет на селекторот на Италија, Лучијано Спалети, како да ја „извлече Хрватска од нејзината комфорна зона“.
Тој ги повика играчите да се потпрат на „храброст, интензитет и вертикални додавања“ за да ја пробијат искусната хрватска селекција.
„Италија мора да ја извади Хрватска од нејзината зона на удобност, да го уништи нивното самодоверие и да го искористи интензитетот за да го забрза темпото и така да го наруши тајмингот на хрватскиот среден ред“, рече Капело.
„Хрватска е мајстор со топката во нозете, но не знаеше како да се справи со вертикалните напади на Шпанија и од тоа треба да научиме нешто. Кога нашата екипа ќе ја освои топката, мораме да ги копираме Шпанците и веднаш да го напаѓаме нивниот гол бидејќи хрватските стопери не се баш сигурни“, истакна легендарниот италијански стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













