Шпанскиот селектор, Луис де ла Фуенте, ги отфрли сите шпекулации за можната „резервираност“ на неговиот тим на натпреварот против Албанија и најави дека „фуријата“ ќе се посвети максимално на последниот предизвик од групната фаза.
Шпанија веќе обезбеди место во осминафиналето, а селекторот истакна дека сите во тимот сакаат да ја победат и Албанија, за да докажат дека не залудно се фаворити во групата.
„Овој натпревар нема да го сфатиме лесно. Ќе изведам конкурентен тим. Имам потполна доверба во сите 26 играчи и знам дека ќе одговорат максимално. Ќе пристапиме кон натпреварот исто како и кон претходните, со голема желба за победа“, изјави Де ла Фуенте.
Шпанија и Албанија вечерва од 21 часот ќе се сретнат во Диселдорф, додека многу повозбудливо се очекува да биде во Лајпциг, каде ќе се случи пресметката меѓу Хрватска и Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













