Таткото на Барнабас Варга потврди дека унгарскиот репрезентативец денеска е опериран. Напаѓачот на Ференцварош претрпе сериозни повреди во последниот натпревар на Унгарците против Шкотска на ЕВРО 2024.
Тој заврши со неколку фрактури на лицето, како и потрес на мозокот.
„Заедно со сопругата чекаме вести од девојката на Барни,“ изјави неговиот татко Андраш за „Немзети Спорт“.
„Операцијата помина и сега чекаме информации за неговата состојба. Сѐ уште не знаеме кога ќе биде отпуштен од болницата во Штутгарт, ниту колку долго нема да може да игра фудбал. Не е тајна дека нашето семејство тешко го преживеа сето ова – да гледаме што се случува пред телевизорот. Но сега сме поопуштени, затоа што Барни е добро згрижен“, истакна таткото на повредениот фудбалер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













