Connect with us

Прандели ги храбри „аѕурите“: Хрватска не е Реал…

Хрватска и Италија вечерва во Лајпциг ќе играат решавачки натпревар во третото, последно коло од групната фаза на Европското првенство.


Бронзените од СП, по две одиграни средби и пораз од Шпанија (0-3) и реми со Албанија (2-2), имаат само еден бод и се последни на табелата, додека актуелните европски шампиони, Италија, се второпласирани со три бода по победата над Албанија (2-1) и поразот од Шпанија (0-1).

Со победа над Италија, Хрватска би направила голем пресврт и како второпласирана би се пробила во осминафиналето, ако Албанија не ја победи Шпанија во исто време. Шпанија веќе по второто коло се пласираше во нокаут-фазата со победите над Хрватска и над Италија.

Ако Албанија направи сензација, а Хрватска ја победи Италија, тимот на Далиќ би продолжил понатаму како една од четирите најдобри третопласирани репрезентации.

Хрватска може да ја помине групата дури и со само два бода, односно ако одигра нерешено со Италија, но тоа бара поклопување на низа други резултати. Додека Хрватска вечерва мора да победи за да ја помине групата, на Италија за тоа ѝ е доволен само еден бод.

Италијанскиот стратег Чезаре Прандели (66), кој најголемите успеси ги постигна во Фиорентина (2005-10) и како селектор на Италија (2010-14), верува дека „аѕурите“ ќе успеат да го остварат посакуваниот резултат. Тој ја водеше Италија до финалето на ЕП 2012, што е најголемиот успех на репрезентацијата од 2006 и светската титула, до 2021 и европската титула.

„Хрватска не е Реал. Италија против нив мора да ја забрза играта, дури и по цена на ризик. Можеби против Шпанија премногу размислувавме за реми, па бевме казнети со пораз“, истакна Прандели.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови