Борусија Дортмунд се приближува до потпишување на договор со Паскал Грос од Брајтон, тврди „Скај Германија“. Преговорите со клубот од Премиер – лигата се во завршна фаза, а Брајтон очекува отштета од околу 10 милиони евра за искусниот фудбалер за врска.
Грос треба да потпише договор со Борусија Дортмунд до 2027 година.
Паскал Грос е дел од селекцијата на Германија на Европското првенство и сѐ ќе биде реализирано по завршувањето на шампионатот.
Претходно, Борусија Дортмунд го договори трансферот на уште еден германски репрезентативец, Валдемар Антон од Штутгарт.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski