Унгарскиот фудбалер Барнабас Варга е надвор од животна опасност откако беше изнесен од теренот на носилки на итна медицинска помош, по жестокиот судир со голманот на Шкотска, Ангус Ган, во 68.минута од мечот меѓу Унгарија и Шкотска (1-0) на ЕВРО 2024.
Сцените силно потсетија на инцидентот со Кристијан Ериксен за време на шампионатот пред четири години. Варга ја удри силно главата во телото на Ган во воздушен дуел и борба за топката. Натпреварот беше прекинат повеќе околу 10 минути додека Варга беше изнесен од теренот, опкружен со ќебиња.
Варга ја мина ноќта во клиника во Штутгарт, неговата здравствена состојба е стабилна, а ќе мора да биде опериран поради фрактура на коска на лицето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













