
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Фенербахче одиграа неверојатен натпревар против големиот ривал Бешикташ во турскиот шампионат. Фенер стигна до реми од 3-3 и покрај негативата од 3-0 по првите 45 минути.
Ѓонул и двапати Јилмаз стрелаа за Бешикташ во првото полувреме. Во вториот дел, Фенербахче имаше налет кој траеше од 55. до 67. минута постигнувајќи три погодоци преку Зајц, Чифтпинар и Калдирим.
Македонскиот репрезентативец доби шанса во финишот од натпреварот, влезе во игра во 84. минута и пропушти две одлични шанси да донесе и голем триумф за својот тим. Само една минута по влегувањето во игра со глава се обиде по корнерот, но дирекот спречи негова радост а во 94. минута имаше и одличен шут од околу 20 метри но за малку покрај левиот дирек од голот на Бешикташ.
Со
Со овој бод, Бешикташ се зацврсти на третата позиција на табелата додека Фенербахче кој се мачи во долниот дел од табелата, дојде до 25 бода и 14. место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
