Еспањол повторно се врати во највисокото ниво на шпанскиот фудбал откако победи во плејофот за пополнување на местата во Ла Лига. Во домашниот натпревар против Овиедо, тимот од Каталонија славеше со 2-0, откако на првиот натпревар Овиедо успеа да обезбеди минимална предност од еден гол.
Хави Пуадо беше човекот на одлука за Еспањол, со двата гола постигнати во првото полувреме.
Со голот во 44. минута, Пуадо го израмни резултатот од првиот дуел, а потоа во судиското продолжение од првото полувреме постигна и втор гол, кој беше клучен за враќањето на Еспањол во елитата на шпанскиот фудбал.
Овиедо ќе остане во Секунда дивизион, а легендарниот Санти Казорла не успеа да го реализира својот сон за враќање на клубот во елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













