Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку доби суспензија од УЕФА поради недоличниот и навредлив однос кон Македонците и кон Србите по завршувањето на натпреварот против Хрватска (2-2). Тој е суспендиран на два натпревари нема да игра против Шпанија на мечот од третото коло на Европското првенство, но и во евентуалното осминафинале на албанскиот национален тим.
Доколку Албанија биде елиминирана во првата фаза, тогаш суспензијата му се префрла на наредниот официјален натпревар под закрилата на УЕФА.
Мирлинд Даку на скандалозен начин се приклучи на навивањето на албанските навивачи и скандираше навредливи зборови кон Македонците и кон Србите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













