Connect with us

Чуамени пофали свој соиграч: Тој е фантастичен и ќе ни помогне да го освоиме трофејот на ЕВРО 2024

Францускиот репрезентативец Аурелиен Чуамени размислува за трофејот на Европското првенство. Според него, клучна улога во евентуалниот триумф може да одигра неговиот соиграч на средината на теренот, Нголо Канте.

Бившиот фудбалер на Челси исчезна од обсегот на европските медиуми откако прејде во Ал-Итихад во Саудиска Арабија. Сепак, тој неочекувано се најде во составот на Дидие Дешамп и на изминатите две средби на „петлите” беше избран за играч на мечот.

„Јас сум најсреќниот поради начинот на кој тој игра. Сакаме да го освоиме ЕВРО 2024 и Канте ќе ни помогне во тоа. Се гледа на што е способен тој. Тоа покажува и колку добро е првенството во Саудиска Арабија”, изјави Чуамени.

Французите, сепак, засега не се убедливи, бидејќи сè уште не постигнаа гол. Тие ја победија Австрија со 1-0 по автогол, а потоа ремизираа 0-0 со Холандија.

„Ќе бидеме запаметени по резултатите, а не по начинот на игра. Секој има свое мислење за тоа. За мене лично е важно да победуваме – без разлика дали со лоша или со добра игра. Инаку, со овој селектор постигнавме многу добри резултати и освоивме трофеи”, вели играчот на Реал Мадрид.

„Немам грижи за тоа што засега не постигнуваме погодоци. Можам да направам паралела со Реал, каде бевме во истата ситуација пред почетокот на изминатата сезона. Потоа видовте што се случи“, истакна Чуамени.

Во последното коло од групата, светските шампиони од 2018 ќе играат против Полска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови