Connect with us

Навивач дојде до клупата и врескаше кон Пикси: Што правите, Словенците ве е*ат, бре! (ВИДЕО)

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, веќе долго време трпи сериозни критики, а сега почна да ги добива и среде натпревари. Ова се случи на натпреварот од второто коло на Европското првенство против Словенија.

Веројатно досега не е забележан случај во модерниот фудбал селектор на некоја репрезентација за време на натпревар да расправа со навивач од трибините.

Разочаран од играта против Словенија, навивач му пријде на Стојковиќ и следуваше драма од неколку секунди.

„Како ги пуштате? Словенците ве е*ат, бре… Па човече, па човече,“ звучеше повикот на очајниот навивач на Србија кој набрзо беше вратен на своето место од редарот.

Оваа сцена оди на душа на организаторите на натпреварот бидејќи дозволија еден гледач воопшто да влезе во комуникација со некој од учесниците.

Србите од пораз од Словенија ги спаси Лука Јовиќ длабоко во судиското надополнување, израмни на 1-1, па со бод сега сè уште имаат сè во свои раце.

Во последното коло за ривал ќе ја имаат Данска. Во некои комбинации ќе им биде доволен и бод за понатамошен пласман, додека триумфот гарантира учество во нокаут фазата.

„Данска е добра во секој случај, тие се стандардно на некое ниво кога станува збор за учество на европските и светските првенства,“ рече Стојковиќ за Данците и додаде:

„Тие се екипа со која може да се игра, ниту се непобедливи, ниту се недопирливи. Ние имаме своја калкулација, своја математика и ќе направиме сè за да решиме во своја корист.

„Нема да биде лесно, како што не беше ни во првите два натпревара. Имаме шанса да ја решиме својата судбина,“ порача Стојковиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови