Connect with us

Чави Симонс одбил да се врати во ПСЖ, сака да остане во Бундес-лигата

Холандскиот репрезентативец Чави Симонс го известил ПСЖ дека не сака да се врати во клубот за новата сезона. Желбата на 21-годишниот играч од средниот ред е да продолжи да игра во Германија.

Многу сериозен интерес за него има од Баерн Минхен. Исто така и Лајпциг, каде што младиот играч беше позајмен минатата сезона, исто така сака да го задржи во своите редови.

Се очекува Чави Симонс да биде позајмен на еден од двата германски клуба, при што раководството на баварците моментално води интензивни преговори за негово привлекување.

На „Алијанц Арена“ инсистираат да има и откупна клаузула при евентуалната позајмица.

Се очекува Чави Симонс да донесе одлука каде ќе игра во новата сезона по завршувањето на ЕВРО 2024.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови