
Германија се соочува со Швајцарија во последниот натпревар од групата А на ЕВРО 2024. Натпреварот е вечерва од 21 часот на „Дојче Банк Парк“ во Франкфурт.
Играчите на Џулијан Нагелсман досега имаат две победи – 5-1 против Шкотска и 2-0 против Унгарија. Тимот е лидер во групата, и дури и реми ќе му овозможи да го задржи првото место. Германците, сепак, се амбицирани за нов успех, со кој ќе ги израдуваат фановите во земјата каде што се одржува турнирот и ќе влезат во елиминациите на најдобар можен начин.
Нагелсман изјави дека нема да ги чува играчите кои се под закана од суспензија. Во двата досегашни натпревари, тој започна со ист состав, па ќе биде интересно да се види дали оваа тенденција ќе се задржи.
Швајцарија е втора во групата со четири бода. Тие започнаа со победа од 3-1 против Унгарија, а потоа одиграа нерешено 1-1 со Шкотска. Тимот на Мурат Јакин во голема мера си обезбеди место во следната фаза, но вечерва ќе се обиде да го победи домаќинот на турнирот и на тој начин да ја освои групата.
Тројца фудбалери во составот на Швајцарците се под прашање за натпреварот – Фабиан Шер, Денис Закарија и Стивен Зубер. За нивното учество во натпреварот ќе се одлучува во последен момент.
Главен судија на натпреварот е Даниеле Орсато.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
