Јувентус и Астон Вила ја договорија размената на играчи меѓу двата клуба. „Бјанконерите“ ќе го добијат бразилскиот играч од средниот ред Даглас Луиз, додека во Бирмингем ќе заминат Самјуел Илинг и Енцо Баренечеа.
Англискиот клуб ќе добие дополнителни 28 милиони евра од зделката, додека „старата дама“ задржува по 10% од следната продажба на Илинг и Баренечеа.
Бразилецот ќе потпише петгодишен договор со Јувентус. Тој веќе ги договорил личните услови, а следната недела ќе ги помине медицинските прегледи. Истото важи и за двата играчи што италијанскиот гигант ги испраќа во Англија.
Даглас Луис е проценет на 50 милиони евра, додека Илинг и Баренечеа на вкупно 22 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













