Доминик Калверт-Луин го напушта Евертон и е на прагот на голем трансфер кој ќе ја затресе Премиер – лигата. Британскиот “Телеграф” ексклузивно пренесе дека Њукасл го посакува потписот на Калверт-Луин и постои голем оптимизам дека ќе биде постигнат договор.
Калверт-Луин веќе ги договорил личните услови, а напаѓачот има уште една година од договорот и Евертон нема друг избор освен да го продаде за да не замине како слободен играч следното лето.
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, верува дека Калверт-Луин е идеален за неговиот систем, а се очекува со неговото пристигнување да добие дозвола за трансфер 32-годишниот Калум Вилсон.
Калверт-Луин има 27 години, во Евертон е од 2016 година кога пристигна од Шефилд Јунајтед.
За Евертон одигра 247 натпревари, постигна 68 голови и запиша 18 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













