Connect with us

Украинците со пресврт славеа против Словачка (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Украина ја оствари својата прва победа на ЕВРО 2024, значително зголемувајќи ги шансите за пласман во осминафиналето. По поразот од Романија, тимот на Сергеј Ребров започна лошо и на денешниот натпревар против Словачка, но успеа да направи пресврт и да победи со 2-1.

Иван Шранц, со својот втор гол на турнирот, ја донесе Словачка во водство од 1-0 во 17. минута.

Украина одговори во второто полувреме. Микола Шапаренко израмни на 1-1 во 54. минута, а Роман Јаремчук го комплетираше пресвртот со гол во 80. минута од натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови