Францускиот ас Килијан Мбапе ќе продолжи да настапува за националниот тим на Европското првенство и покрај скршеницата на носот. Тој нема да оди на операција, а ќе може да игра со заштитна маска.
Мбапе при еден дуел во финишот од мечот против Австрија заработи скршеница на носот поради која мораше да биде повлечен од игра. Сепак, Французите добија добри вести од клиниката во која замина напаѓачот веднаш по натпреварот.
„Килијан Мбапе се врати во тренинг-базата на француската реперззентација. Тој имаше скршен нос по еден дуел во второто полувреме од мечот со Австрија во Дизелдорф. Тој беше прегледан од доктор Франк ле Гал, кој ја дијагностицираше фрактурата на носот. Мбапе ќе продолжи со третмани во наредните денови, но донесена е одлука тој да не биде опериран. Ќе биде изработена маска за „десетката“ на нашиот национален тим, кој ќе може да се врати во натпреварувањето по периодот во кој ќе има третмани на повредата“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Франција.
Во второто коло од групата Франција ќе игра против Холандија на 21 јуни.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













