Connect with us

Мурињо: Жалам што ова Европско првенство е последно за Крос, Модриќ, Роналдо…

Португалскиот стратег Жозе Мурињо изрази жалење што ЕВРО 2024 ќе биде последното за многу од најпопуларните играчи во Европа. Во ексклузивно интервју за германското издание “Билд”, Мурињо рече:

„Тажен сум бидејќи ова ќе биде последното Европско првенство за Тони Крос, Лука Модриќ, Кристијано Роналдо. Жал ми е, бидејќи не гледаме често играчи од нивната класа. Тие се едноставно на друго ниво. Имаа можност да се докажат и сега секој зборува за нив. Вистинско задоволство е да ги гледаш на теренот. Особено ми е жал за Крос, бидејќи тој не го доби признанието кое го заслужуваше.“

Мурињо неодамна беше назначен за тренер на турскиот гигант Фенербахче, каде ќе заработува по 11,5 милиони долари годишно.

Во својата кариера, тој водеше неколку европски гиганти, меѓу кои Реал Мадрид, Порто, Бенфика, Челси, Интер и Манчестер Јунајтед. Двапати ја освои Лигата на шампионите, беше шампион во Купот на УЕФА, Лига Европа и Конференциската лига, а има титули и национални купови во Португалија, Англија, Италија и Шпанија.


Во 2010 година, тој беше избран за тренер на годината на ФИФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови