Connect with us

Трагедија во Црна Гора: Ненадејно почина 27-годишен голман

Трагична вест доаѓа од Црна Гора. Утрово околу 6 часот во Будва почина првиот голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (27).

Според црногорските медиуми, на Шаркиќ во апартманот одеднаш му се влошила здравствената состојба, неговите пријатели повикале итна помош, но не успеала ниту докторската интервенција.

Пред само десет дена, Шаркиќ бранеше за селекцијата на Црна Гора на пријателскиот меч против Белгија и имаше одличен настап. Тој беше член на англискиот Милвол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови