Германија на посакуван начин го отвори Европското првенство победувајќи ја Шкотска 5-1. Домаќинот немаше милост за противникот и сѐ беше решено за само едно полувреме.
Флоријан Вирц уште во десеттата минута донесе водство за Германија, а девет минути подоцна Џамал Мусијала зголеми на 2-0.
Каи Хаверц од пенал погоди во 45.минута, откако Портеус грубо стартуваше над Илкај Гундоган. Клемен Турпан по асистенција од ВАР собата му додели црвен картон и покажа на белата точка.
Во второто полувреме, Никлас Фулкруг постигна и четврти гол за Германците во 67.минута.
Рудигер со автогол им помогна на Шкотланѓаните да постигнат погодок, а Емре Џан ја заокружи голеадата со петти гол во 93.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













